logo
logo
logo

Погодени два танкера во Ормускиот Теснец, нови напади врз американски бази во Катар, Кувајт и Ирак

Vecer | 11.03.2026

Погодени два танкера во Ормускиот Теснец, нови напади врз американски бази во Катар, Кувајт и Ирак

Британската служба за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека денеска уште еден товарен брод бил погоден со непознат проектил во Ормускиот Теснец, по што избувнал пожар на пловилото.

Екипажот бил евакуиран, а бродот побарал помош, пренесува британски „Гардијан“. Засега не е познато кој го испукал проектилот.

Претходно, уште еден товарен брод во Ормускиот Теснец бил погоден со непознат проектил на околу 46 километри од брегот на Обединетите Арапски Емирати.

Бродот претрпел оштетувања, но сите членови на екипажот се безбедни и им била укажана помош, а од UKMTO не соопштија повеќе детали.

Од службата претходно апелираа до сите бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец да се движат „со зголемена претпазливост“.

Поради војната меѓу САД и Израел против Иран, Ормускиот Теснец практично е затворен за сообраќај.

Станува збор за една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и течен природен гас.

Танкерите повеќе од една недела не минуваат низ теснецот, а производителите се принудени привремено да ја прекинат експлоатацијата додека се полнат складиштата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk