logo
logo
logo

Погоден е аеродромот во Дубаи (ВИДЕО)

Vecer | 07.03.2026

Погоден е аеродромот во Дубаи (ВИДЕО)

На социјалните мрежи почнаа да циркулираат снимки на кои наводно се гледа како дрон се урива на меѓународниот аеродром во Дубаи, помалку од еден час откако иранскиот претседател Масуд Пешмерга им се извини на соседните земји за нападите извршени за време на конфликтот.

Нема непосредни извештаи за штети на аеродромот во Емиратите, но локалните власти соопштија дека сите летови се привремено прекинати.

Претходно, ограничени услуги беа реализирани од Дубаи и Абу Даби преку безбедни воздушни коридори.

Меѓународните медиуми објавија дека утрово во Дубаи се слушнале две експлозии, додека Иран ги продолжува своите одмазднички напади врз земјите од Заливот во кои се наоѓаат американски бази.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk