logo
logo
logo

Подигнато обвинение против 52-годишен маж за убиството на пратеникот Парубиј во Лавов

Vecer | 01.09.2025

Подигнато обвинение против 52-годишен маж за убиството на пратеникот Парубиј во Лавов

Мерет лично го потпиша обвинението, нагласувајќи дека „обвинението се заснова на објективни докази што укажуваат дека осомничениот го извршил убиството на пратеникот“, се наведува во соопштението на обвинителството на каналот Телеграм.

Во тек се разговори со осомничениот, како и претреси во неговите места на живеење.

Се спроведуваат сите итни истражни постапки со учество на обвинители кои го координираат текот на истрагата, пренесува Укринформ.

Исто така, се подготвува барање до судот за одредување притвор без можност за кауција.

Истрагата за овој случај е во тек и се преземаат мерки за утврдување на сите околности на настанот.

Поранешниот претседател на Врховната рада, пратеникот Андриј Парубиј, беше убиен на 30 август во Л’вов.

Началникот на полицијата на Л’вовскиот регион, Олександр Шљаховски и шефот на канцеларијата на регионалниот обвинител на Л’вов, Микола Мерет, изјавија дека истражителите ќе ја разгледаат можноста за руска инволвираност во убиството на Парубиј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk