logo
logo
logo

Почина потпретседателот на руската компанија „Транснефт“ по пад од прозорец

Vecer | 04.07.2025

Почина потпретседателот на руската компанија „Транснефт“ по пад од прозорец

Андреј Бадалов, потпретседател на руската државна нафтена компанија „Транснефт“, починал по пад од прозорецот на неговиот дом во елитниот регион Рубљовка во Москва. Компанијата потврди дека 62-годишниот Бадалов починал, но не даде детали за околностите под кои се случил настанот.

Работата на Бадалов се одвивала во период исполнет со сериозен притисок и стрес предизвикан од западните санкции.

Бадалов бил пронајден под прозорецот на зградата во која живеел, како што пренесуваат државните медиуми, повикувајќи се на информација од полициски извори.

Според првичните податоци, смртта настапила како резултат на самоубиство. Во тек е истрага за утврдување на сите околности.

Полициски извор

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk