logo
logo
logo

Почнуваат штрајкови во најголемите германски аеродроми, кулминација ќе биде во Минхен

Vecer | 24.02.2025

Почнуваат штрајкови во најголемите германски аеродроми, кулминација ќе биде во Минхен

Денеска работата ја прекинаа вработените на аеродромите Келн/Бон и Диселдорф, а според податоците на здружението на германските аеродроми (АДВ), откажани се околу 400 летови, што погоди 48.000 патници.

Се очекува штрајкот во Минхен да има уште поголемо влијание, бидејќи аеродромот е значаен меѓународен транзитен јазол. Синдикатот Верди бара зголемување на платите за осум проценти и дополнителни олеснувања преку нови вработувања.

- Зголемениот обем на работа и хроничниот недостиг на персонал создаваат огромен притисок врз вработените, изјави Манјела Диц од Верди.

Овие штрајкови се продолжение на неодамнешните протести во јавниот сектор, кои минатата недела предизвикаа прекин на јавниот превоз во повеќе германски градови, вклучувајќи го и Берлин, каде во четвртокот и петокот штрајкуваа вработените во метрото. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk