logo
logo
logo

Смртта на рускиот министер предизвика бројни реакции

Починат руски министер по смена од функција – откриени детали за трагичниот настан

Интересни детали ја следат неочекуваната смрт на поранешниот министер

Vecer | 07.07.2025

Починат руски министер по смена од функција – откриени детали за трагичниот настан

Рускиот министер за сообраќај, Роман Старовоит (53), е пронајден мртов неколку часа по неговото разрешување од позицијата од страна на претседателот Владимир Путин.

Старовоит бил најден безживотен во својот дом, а според наводите на руските медиуми, постои сомневање дека извршил самоубиство. Во неговата близина било пронајдено огнено оружје, пиштол кој наводно му бил доделен од министерството за внатрешни работи во 2023 година.

Засега не се објавени причини за смената на Старовоит, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да ја коментира одлуката. Оваа смена беше проследена со големи нарушувања на воздушниот сообраќај поради откажувања и доцнења на стотици летови од главните аеродроми во Москва и Санкт Петербург.

Поради настанатата ситуација, илјадници патници во Москва и Санкт Петербург беа принудени да чекаат со часови. Слични проблеми се јавија и на други аеродроми низ западниот и централниот дел на Русија како резултат на украинските напади со дронови.

Во изминатите неколку дена, вкупно 485 летови беа откажани, а дури 1.900 претрпеа доцнења.

„Украинските напади со дронови врз руските аеродроми се насочени кон нарушување на воздушната логистика. Нарушувања во распоредот, доцнење на стотици летови, запирање на работата на пет аеродроми… Сето тоа станува не само тактичка, туку и стратешка акција која е насочена кон нарушување на вообичаениот животен ритам и покажување ранливост на системот“, наведува Телеграм каналот Kremlin Whisperer.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk