Трамп пристигна во ложата придружуван од неговата сопруга Меланија Трамп и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, додека Санчез беше придружуван од шпанската кралска двојка и претседателот на Шпанската фудбалска федерација Рафаел Лузан. Според снимките од местото на настанот, лидерите се ракуваа и кратко разговараа пред почетокот на натпреварот.
Тензии по самитот на НАТО
Средбата се случи неколку недели по нивниот последен состанок на самитот на НАТО, за време на кој односите меѓу Вашингтон и Мадрид беа оптоварени со несогласувања околу трошоците за одбрана во рамките на алијансата и политиката на САД кон Иран.
Трамп потоа остро ја критикуваше владата на Санчез за она што го нарече недоволни трошоци за одбрана, ја нарече Шпанија „изгубена кауза“ и се закани со трговски мерки, додека Санчез одговори дека Шпанија е сигурен сојузник кој ги исполнува своите меѓународни обврски. По неформалниот разговор меѓу двајцата лидери, реториката делумно омекна.
Санчез: Нека победи подобриот
Пред натпреварот, Санчез изјави за шпанската јавна телевизија ТВЕ дека ќе му го честита на Трамп 250-годишнината од американската независност и рече дека „многу работи ги поврзуваат“ шпанското и американското општество.
„Пред нас е финале од соништата. Нека победи најдобриот, и се надевам дека тоа ќе биде Шпанија“, рече Санчез.
На прашањето кој ќе го додели победничкиот трофеј, шпанскиот премиер одговори дека за него е поважно кој ќе го добие.
„Помалку ми е важно кој ќе го додели пехарот, а поважно кој ќе го добие. Се надевам дека тоа ќе биде шпанската репрезентација“, рече тој.
Шпанија- светски шампион
Шпанија ја победи Аргентина со 1:0 во продолжението, а Трамп, заедно со Инфантина, им го предаде пехарот на шпанските фудбалери и им ги врачи златните медали.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата