Центрите за отпад во близина на селата уништени од катастрофалните поплави во Германија минатиот месец се борат да сортираат купишта ѓубре, кое е еквивалентно на годишното ниво на отпад.
„Ништо слично не е забележано во Германија“, рече Саша Хуртенбах, директор на центарот за управување со отпад во Нидерзисен, додека работниците позади него се обидуваат да ја намалат големината на насипот од остатоци.„Во моментов, имаме околу 35.000 тони отпад донесении од зоната на катастрофата овде, а веќе однесовме иста количина на депонија“, вели Хуртенбах.
Тој посочува дека „остануваат уште многу остатоци“.
Депонијата Нидерзисен се наоѓа на дваесетина километри од долината Ахра, каде што ноќта на 14 јули реката се излеа од своите корита.
Селата покрај Ахр, притока на Рајна, беа уништени од голема количина вода, а десетици жители настрадаа.
По патиштата што водат во долината, калта се претвори во прашина, а конвои со камиони ги заменија туристите кои доаѓаа да уживаат во некогаш живописниот пејзаж.
Машини за перење, машини за миење садови, софи, фрижидери и столови се наредени во центарот на Нидерзисен, кој сведочи за размерот на катастрофата во која загинаа најмалку 186 луѓе во западна Германија.
„Полни сме“, вели Хуртенбах.
Во екот на операцијата за чистење, камионот доаѓаше до депонијата секоја минута.
Сепак, она што тие го сортираа досега е само почеток.
Градежен материјали, стебла и гранки се уште не се изнесени надвор од куќите погодени од поплавите.
За расчистување се ангажирани околу 170 работници, повеќе од четири пати повеќе луѓе од вообичаеното.
Депонијата е отворена секој ден, но е ограничена од достапноста на камиони кои го носат отпадот до други депонии или центри за рециклирање.
„Не знам колку долго можеме да издржиме“, вели Хуртенбах.
Од 130.000 жители за кои центарот обезбедува услуги, само 30.000 беа директно погодени од поплавите.
„За другите, ние се уште треба да ги испразниме кантите и да го подигнеме нивниот отпадсекој дневно како и секогаш“, вели Хуртенбах.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата