logo
logo
logo

По Франција и Велика Британија, и Канада планира да ја признае палестинската држава во септември

Vecer | 31.07.2025

По Франција и Велика Британија, и Канада планира да ја признае палестинската држава во септември

 Тој кажа дека потегот зависи од демократските реформи, што вклучува одржување избори без Хамас.

Ден порано, Велика Британија најави дека ќе ја признае палестинската држава во септември доколку Израел не прифати прекин на огнот и други услови.

Израелското министерството за надворешни работи ја отфрли објавата на Канада, опишувајќи ја како награда за Хамас.

Карни кажа дека Канада формално ќе ја признае Палестина на претстојното Генерално собрание на ОН. Тој ги наведе проширувањето на израелските населби на окупираниот Западен Брег, влошувањето на хуманитарната ситуација во Газа и нападите на Хамас врз Израел од 7 октомври 2023 како причини за драматичната промена во надворешната политика на Канада.

„Нивото на човечко страдање во Газа е неподносливо и брзо се влошува. Канада долго време е посветена на решение со две држави како дел од преговорите за мировен процес, но овој пристап повеќе не е одржлив. Перспективата за палестинска држава се еродира пред нашите очи“, рече Карни.

Од 193 членки на Обединетите нации, 147 ја имаат признато палестинската држава. Доколку Франција и Велика Британија формално го направат тоа, САД ќе бидат единствената постојана членка на Советот за безбедност на ОН која не го сторила тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk