По влезот на Хрватска во Европската унија, изминаа два мандати на Европската комисија, без дополнителни проширувања, истакна премиерот Андреј Пленковиќ преку својата профил на социјалната мрежа Х.
Во актуелните сложени геополитички услови, неопходно е Европската унија да го задржи фокусот и да постигне напредок на европскиот пат за земјите од регионот, за да се избегнат нови нестабилности и кризи.

Хрватска останува цврсто определена за процесот на проширување заснован на исполнување на критериумите, и ќе продолжи да игра клучна улога во односите меѓу Европската унија и регионот на Југоисточна Европа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата