- Ќе ги видиме резултатите од оваа средба, таа е клучна. Сакам Колумбијците во сите делови од земјата да не страдаат и да може да живеат во мир - посочи Петро.
Трамп, по минатонеделниот телефонски разговор со Петро, ја најави посетата на колумбискиот претседател на Вашингтон.
Претходно, Трамп ѝ се закани на Колумбија со воена интервенција бидејќи не презема доволно мерки за спречување на илегалната трговија со наркотици. Тој го опиша Петро како „болен човек, кој сака да произведува кокаин и да го продава во САД, а тоа нема уште долго да го прави“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата