logo
logo
logo

Пет европски земји планираат минирани бариери на границата со Русија

Vecer | 24.06.2025

Пет европски земји планираат минирани бариери на границата со Русија

Пет држави од северноисточна Европа – Полска, Финска, Летонија, Литванија и Естонија – размислуваат да воспостават мински полиња долж границата со Русија, создавајќи на тој начин нова безбедносна бариера налик на стариот европски „железен ѕид“. Овој потег станува се поизвесен поради одлуката на споменатите земји да се повлечат од меѓународната Конвенција од Отава, која ја забранува употребата на противпешадиски мини.

Новата можно креирана минска бариера би се протегала од крајниот северен дел на Финска, Лапонија, па сè до источните региони на Полска. Ако безбедносната ситуација го наложи тоа, земјите од НАТО што се граничат со Русија може да постават милиони мини низ густите шумски области покрај самите граници.

Во моментов, воените стратези од тие држави ги утврдуваат најризичните делови на границата кои би биле први во фокусот за евентуално минирање во случај на евентуален вооружен конфликт со Русија. Како пример се наведува Литванија, која веќе издвојува 800 милиони евра за производство на истиот тип намини за заштита – противтенковски и противпешадиски.

Поранешниот министер за одбрана на Литванија, Лауринас Кашчунас, изјави дека Литванија ќе ги произведе мините самостојно, а ќе бидат потребни стотици илјади единици. Тој додаде дека во мирновремски услови, мините ќе се складираат, без нивно поставување во близина на границата со Русија и Белорусија, со цел да се обезбеди максимална безбедност за цивилното население.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk