logo
logo
logo

Песков: Украина мора да ги повлече војниците од Донбас за да ја запре војната

Vecer | 03.04.2026

Песков: Украина мора да ги повлече војниците од Донбас за да ја запре војната

„Неколку пати изјавивме дека, за да се запре жешката фаза од специјалната воена операција, Украина мора да ги повлече своите војници од Донбас. Ова мора да се направи. Ова навистина би го олеснило преминот кон процесот на решавање на конфликтот со политички и дипломатски средства“, изјави Песков, пренесен од руските медиуми.

Според него, нема рокови за повлекување на украинските војници од Донбас, но тоа би го олеснило преминот кон политичко и дипломатско решавање на конфликтот.

За да се постигне тоа, додаде Песков, украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да преземе политичка одговорност и да ги повлече украинските вооружени сили од Донбас.

„Зеленски мора да преземе политичка одговорност и да донесе соодветна одлука. Нема рокови. Тоа треба да се направи денес, или уште подобро, требаше да се направи вчера“, рече портпаролот на Кремљ.

Песков нагласи дека Русија ќе продолжи, како што изјави, со „специјалната воена операција“ сè додека не ги постигне своите цели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk