logo
logo
logo

Песков: Русија прифати да се воздржи од напади врз Украина до 1 февруари

Vecer | 30.01.2026

Песков: Русија прифати да се воздржи од напади врз Украина до 1 февруари

- Москва се согласи на барањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, да се воздржи од напади врз Украина до 1 февруари за да се создадат поволни услови за преговори. Зборуваме за создавање поволни услови за преговори. Да, секако, постоеше личен апел од претседателот Трамп, соопшти Песков.

Трамп вчера изјави дека лично го замолил Путин да не ги напаѓа Киев и низа други градови во Украина поради екстремниот студ во наредните недела дена.

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф, рече дека во најновите преговори е постигнат значаен напредок во напорите да се стави крај на војната во Украина.

Зборувајќи за можниот мировен договор меѓу Украина и Русија, Виткоф на состанокот на Кабинетот отворен за јавноста рече дека се случуваат „многу добри работи“ меѓу двете страни кои разговараат за територијален договор и дека преговорите ќе продолжат следната недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk