logo
logo
logo

Песков: Распоредувањето нуклеарно оружје во Финска ќе претставува закана за Русија

Vecer | 06.03.2026

Песков: Распоредувањето нуклеарно оружје во Финска ќе претставува закана за Русија

Коментирајќи ја најавата на финската Влада Песков рече дека факт е дека Финска ѝ се заканува на Русија со распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија, објавија руските медиуми.

„А ако Финска ни се закани, ние ќе преземеме соодветни мерки“, изјави Песков.

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен претходно изјави дека финската Влада предлага да се дозволи увоз и складирање на нуклеарно оружје на територијата на земјата ако тоа е поврзано со одбраната на Финска, а дека во други случаи тоа ќе остане забрането.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk