logo
logo
logo

Песков: Путин, Трамп и Зеленски треба да се сретнат само за да ги склучат договорите

Vecer | 26.02.2026

Песков: Путин, Трамп и Зеленски треба да се сретнат само за да ги склучат договорите

- Можеби тука треба да се согласиме дека тројцата претседатели треба да се сретнат само ако е потребно да ги финализираат договорите, или, како што велат Американците, „зделката“. Тоа е веројатно точно – рече Песков во интервју за русата државна телевизија.

Говорејќи за можноста да се организира средба меѓу рускиот претседател и Зеленски, Песков потсети на претходните изјави на украинскиот претседател во кои тој зборуваше за тоа „на што Украина никогаш нема да се согласи и што има намера да прави следно“.

- Нема потреба ниту да се анализираат изјавите, само треба да се сетиме и да се запрашаме дали има смисла да се среќаваат на највисоко ниво ако киевскиот режим и понатаму го одржува овој став – рече Песков.

На новинарско прашање дали понудата до Зеленски да дојде во Москва ако сака да разговара за што било и понатаму важи, Песков одговори потврдно.

- Да, тоа беше зборот на претседателот Путин. Тој секогаш го држи својот збор – рече Песков. Тој наведе дека територијалното прашање останува најсложениот аспект на украинското решение, како и дека на средбата меѓу Путин и Зеленски мора да ѝ претходи „педантна стручна работа“.

- Територијалното прашање е најсложено и, секако, на какви било сериозни средби мора да им претходи педантна работа на стручно ниво – рече Песков. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk