„Не, засега не можам да потврдам. Кога точно ќе се постигне разбирање, ќе ве информираме, како што вообичаено правиме во последно време“, изјави Песков за новинарите.
Тој додаде дека Москва нема „претерани очекувања“ од процесот на преговори, оценувајќи го како сложен и за кој е потребно време.
Тој, исто така, ја коментираше одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, да го продолжи режимот на санкции против Русија за уште една година, наведувајќи дека Москва нема големи очекувања во врска со динамиката на преговорите.
Песков рече дека едногодишното продолжување на санкциите на САД против Русија е „автоматска одлука“.
Според претходните извештаи, претставници на Русија, Украина и САД се сретнаа на 17 и 18 февруари во Женева, а руската делегација ја предводеше помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, кој ги оцени разговорите како „тешки, но деловни“ и најави нова средба наскоро.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата