logo
logo
logo

Песков: Кремљ се согласува со Трамп дека Зеленски го забавува мировниот процес во Украина

Vecer | 15.01.2026

Песков: Кремљ се согласува со Трамп дека Зеленски го забавува мировниот процес во Украина

„Можеме да се согласиме со тоа. Тоа е навистина точно“, изјави Песков пред новинарите кога го прашаа како ја коментира изјавата на Трамп дека Москва е подготвена да постигне договор и дека Зеленски е виновен за одложувањето на решавањето на конфликтот, пренесуваат руските медиуми.

Песков рече дека Путин останува отворен за постигнување решение за војната во Украина и дека ставот на Русија добро им е познат и на Вашингтон и на Киев.

„Претседателот Путин и руската страна ја одржуваат својата отвореност. Ставот на руската страна добро им е познат и на американските преговарачи и на претседателот Трамп. Тоа добро им е познато и на Киев и на раководството на режимот во Киев. Овој став е конзистентен“, изјави Песков.

Кремљ се надева, посочи портпаролот, дека посетата на Москва на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе се реализира кога ќе се договорат датумите.

„Штом ќе се договори датумот, се надеваме дека таква посета ќе има“, изјави Песков.

„Блумберг“ вчера објави дека американска делегација планира да ја посети Русија во јануари за да разговара за безбедносните гаранции за Киев и да презентира нацрт-планови за решение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk