- Секогаш слушаме неосновани обвинувања, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на изјавата на премиерката на Данска, Мете Фредериксен, која го осуди прелетот на дронови над Копенхаген како и не ја исклучи руската вмешаност.
Таа оцени дека тоа е најсериозен напад врз критичната инфраструктура на Данска досега.
- Ова кажува нешто за времето во кое живееме и за тоа на што како општество треба да бидеме подготвени. Секако, не исклучуваме ниту една можност за тоа кој стои зад тоа, додаде таа.
Фредериксен нагласи дека инцидентот е во согласност со неодамнешните појави на дронови, нарушувања на воздушниот простор и кибернапади врз европските аеродроми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата