Пејџерите ги произвела BAC Consulting KFT, со седиште во главниот град на Унгарија, соопшти денеска Голд Аполо, која истакна дека за производството исклучиво е одговорна BAC.
Експертите сметаат дека експлозивниот материјал бил ставен во пејџерите пред нивната испорака и употреба. Претседателот на Голд Аполо, Хсу Чинг-куанг, изјави дека компанијата имала договор за овластување со BAC во последните три години.
Најмалку 12 лица загинаа, а 2.800 беа повредени кога пејџерите, што ги користеле припадници на Хезболах, експлодираа истовремено во Либан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата