logo
logo
logo

Педофил е осуден на 705 години затвор за силување 17 момчиња, едното имало 2 години

Vecer | 20.11.2023

Педофил е осуден на 705 години затвор за силување 17 момчиња, едното имало 2 години

Човекот работел како дадилка во семејства низ Јужна Калифорнија помеѓу 2014 и 2019 година кога се случиле прекршоците.

Според „Фокс њуз“, Метју сексуално злоставувал дури 17 момчиња под негова грижа, но на едно од нив му покажувал и порнографска содржина, поради што дополнително е осуден на уште две години и осум месеци затвор.

Полицијата го уапсила напаѓачот уште во 2019 година на локалниот аеродром, а откако бил обвинет, поротата го осуди за 34 кривични дела.

- Станува збор за уништена невиност и нарушено кревко детство на дури 17 момчиња. Овие деца никогаш нема да знаат какви биле бидејќи нивното детство ненадејно и необјасниво било скратено од „не волк, туку предатор“, изјави во соопштението окружниот обвинител на округот Оринџ, Тод Спицер.

Инаку, Метју на својата веб-страница се претставувал како бебиситерка која знае да работи со деца, дури и со оние со посебни потреби. Тој исто така нагласувал дека работата со децата „е негова најголема радост и дека може позитивно да влијае врз нив“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk