logo
logo
logo

Педофил доборволно се согласил на физичка кастрација- им го уништил животот на десетици девојчиња

Vecer | 21.08.2025

Педофил доборволно се согласил на физичка кастрација- им го уништил животот на десетици девојчиња

Томас Ален Мекартни, 37, „престапник од трето ниво“ и сметан за еден од најопасните педофили во Луизијана, се согласил и на физичка и на хемиска кастрација во замена за намалена затворска казна.

И покрај договорот за признавање на вина, тој сепак ќе отслужи 40 години затвор, објави Пипл. Веста доаѓа откако лекарот бил фатен со „прирачник за педофили“ и 90.000 морничави фотографии.

Луизијана е првата и единствена американска држава што дозволува хируршка кастрација како казна за сексуални прекршоци.

Законот стапи на сила на почетокот на август, а се очекува случајот на Мекартни да биде еден од првите примери за неговата примена во судница.

Од 2008 година, јужната држава дозволува хемиска кастрација како казна за одредени сексуални прекршоци.

Во екстремни случаи на сексуална злоупотреба, судиите во Луизијана можат да ја препорачаат постапката, а оние кои ќе ја одбијат се соочуваат со дополнителни три до пет години затвор.

Драстичната опција му била понудена на Мекартни по инцидент во февруари 2023 година, кога мајка го фатила како се обидува сексуално да ја нападне нејзината ќерка.

Кога бил откриен, извадил пиштол за да избега, но подоцна бил уапсен во Хјустон, Тексас, и екстрадиран за да се соочи со обвиненијата.

Во вторник, тој се изјасни за виновен во округот Вернон за обид за силување на дете под 13 години.

Серискиот сторител претходно бил осуден за обид за тешко силување во 2011 година.

Една година претходно, тој бил уапсен по две точки за силување на 12-годишно девојче.

Во 2006 година, бил уапсен по обвинение за кривично дело неприроден сексуален однос со друго малолетно девојче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk