Според извештаите, патникот доживеал „медицински итен случај“ за време на повратниот лет за Бостон, пишува Дејли мејл.
На патникот му се слошило откако авионот полетал од аеродромот Париз-Шарл де Гол во вторникот, објави NBC Бостон. Лекарите се обиделе да му помогнат, но не успеале да го спасат и набргу потоа починал.
Службите за итни случаи биле фотографирани на меѓународниот аеродром Логан во Бостон во вторникот вечерта, откако авионот слетал.
Полицијата го опиша случајот како „смрт под неразјаснети околности“, но не соопштиле повеќе детали. Идентитетот на лицето нема да биде објавен додека најблиските не бидат известени.
Државната полиција на Масачусетс, чија истражна единица реагирала на местото на настанот, ја истражува смртта.
Ер Франс во изјава за NBC Бостон потврди дека патник починал на летот AF334.
„И покрај помошта на лекар кој бил во авионот, патникот не можел да се спаси“, рече портпаролот. „Ер Франс потсетува дека членовите на екипажот редовно се обучуваат да се справат со такви ситуации“.
Дејли мејл ја контактирале државната полиција на Масачусетс и авиокомпанијата за коментар. Управата за пристаниште во Масачусетс, која го надгледува аеродромот во Бостон, го упатила случајот до полицијата за дополнителни информации.
Трагедијата се случила само неколку месеци откако пилот почгина за време на 12-часовниот лет на Туркиш ерлајнс од Сиетл до Истанбул.
Пилотот, идентификуван како Илчехин Пехливан, колабирал за време на лет во октомври 2024 година, принудувајќи го авионот итно да слета во Њујорк.
Пехливан (59), кој работел за Туркиш Ерлајнс од 2007 година, во март бил подложен на лекарски преглед и немало индиции за здравствени проблеми.
Медицинските итни случаи не се невообичаени при летовите, а податоците покажуваат дека само во САД, околу 44.000 летови доживуваат некој вид медицински инцидент секоја година.
Овие инциденти вклучуваат помали непријатности, како и ситуации опасни по живот, според извештајот на Авијациските услуги од март 2024 година.
Најчестите медицински ситуации кои се случуваат за време на летот вклучуваат несвестица, синкопа, гастроинтестинален дистрес, респираторни проблеми и невролошки нарушувања.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата