logo
logo
logo

Партијата на Мадуро со убедлива победа на парламентарните избори во Венецуела

Vecer | 26.05.2025

Партијата на Мадуро со убедлива победа на парламентарните избори во Венецуела

Партијата на Мадуро го задржа апсолутното мнозинство во Националното собрание, освојувајќи 82,68 отсто од гласовите.

Истовремено, на локалните избори социјалистите на Мадуро обезбедија 23 од 24-те гувернерски места во венецуелските држави, со исклучок на државата Кохедес, каде победи кандидат на опозицијата. Ова е намалување во однос на изборите во 2021 година, кога опозицијата победи во четири држави.

Изборите беа обележани со длабоки поделби меѓу опозициските партии, кои го оспоруваат режимот на Мадуро и неговата коалиција „Голем патриотски блок“. Опозициските лидери ги повикаа граѓаните да се воздржат од гласање во знак на протест против официјалните резултати од претседателските избори во јули минатата година, за кои тврдат дека ги добиле.

Според претседателот на изборната комисија, Карлос Кинтеро, 8,9 милиони граѓани гласале за 258 пратенички мандати и гувернери на 24 држави, што е слична излезност како во 2021 година, иако право на глас имаат 21 милион граѓани на Венецуела

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk