logo
logo
logo

Париз го поддржува барањето за ревизија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел

Vecer | 11.05.2025

Париз го поддржува барањето за ревизија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел

 Тој повика Европската комисија да го разгледа прашањето, бидејќи хуманитарната помош не стигнува до Газа повеќе од два месеца.

Холандската влада, која се смета за еден од најлојалните сојузници на Израел во Европската Унија, бара итна ревизија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, кој е основа за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Израел, соопшти во средата холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп за „Гардијан“.

- Холандија побара од Европската комисија да го анализира почитувањето на членот 2 од договорот за асоцијација со Израел, изјави денеска Баро за радиото „Франс енфо“ и весникот „Монд“.

- Тоа е легитимно барање и ги повикувам институциите на ЕУ да го разгледаат, додаде тој, потенцирајќи дека односите меѓу ЕУ и Израел се засновани на почитување на човековите права и демократските принципи.

На прашањето дали тоа значи дека Франција го доведува во прашање договорот, министерот одговори: „Да видиме што ќе направи Европската комисија за да го анализира почитувањето на членот 2 од страна на Израел“.

Министерот ја истакна катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа. „Реалноста е дека Палестинците во Газа гладуваат, немаат вода и се соочуваат со колапс“, изјави тој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk