logo
logo
logo

Папата Лав XIV вети работа на единството на Католичката црква, која треба да биде симбол на мир

Vecer | 18.05.2025

Папата Лав XIV вети работа на единството на Католичката црква, која треба да биде симбол на мир

Американските медиуми пренесуваат дека во својата проповед пред десетиците илјади верници, светски и црковни претставници, папата Лав рече дека сака Римокатоличката црква да биде обединета.

Повикот на папата за единство е значаен со оглед на поларизацијата во Римокатоличката црква во САД и пошироко, наведуваат американските медиуми.

Претходно, на папата му беа врачени официјалните симболи на неговата папска функција:  палиумот, литургиската облека, и папскиот - рибарски прстен.

Литургиската облека е изработена од јагнешка волна, што ја симболизира улогата на папата како пастир на верниците. Палиумот се носи преку рамо и се прицврстува со три иглички што личат на шајките на Христовиот крст.

Папскиот прстен, познат и како Пискаторски прстен, го симболизира односот на папата со Свети Петар, кој бил рибар.

Прстенот се уништува или крши по смртта на папата. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk