logo
logo
logo

Папата Франциск прими доктори и дел од останатиот персонал од болницата каде се лекуваше

Vecer | 16.04.2025

Папата Франциск прими доктори и дел од останатиот персонал од болницата каде се лекуваше

„Ви благодариме за одличната услуга во болницата, продолжете така!, рече 88-годишниот папа, чиј глас е сè уште слаб и кој страда од отежнато дишење и покрај секојдневната рехабилитација.

Средбата се одржа во просториите позади салата Павле VI - вообичаеното место за папската општа аудиенција, која тој ја прекина откако беше примен во болница кон крајот на февруари.

По пристигнувањето во инвалидска количка, папата Франциск беше поздравен со аплауз од публика од околу 70 луѓе, соопшти Ватикан, објавувајќи фотографии и кратко видео интервју.

Средбата, која траеше околу 20 минути, се одржа неколку дена пред Велигден – најважниот црковен празник во годината. Оваа година, присуството на папата на празничните настани ќе биде ограничено, бидејќи тој сè уште закрепнува.

По отпуштањето од болницата и враќањето во Ватикан на 23 март, на папата му беше препорачан дополнителен двомесечен период на одмор за целосно да закрепне, без јавни настапи, за да го избегне ризикот од повторна инфекција. 

Фото: ЕПА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk