Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи во сабота на 26 април во 10:00 часот по локално време. Папата Франциск во својот тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници.
Во тестаментот што синоќа го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: Franciscus.
Папата, исто така, навел дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.
-Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од износот што го обезбеди добротвор, а за кој договорив да биде префрлен во базиликата Санта Марија Маџоре, стои во тестаментот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата