Во неделата италијанските карабинери пукаа со електрошок врз Албанец (39) кој предизвика вистинска паника во близина на плоштадот Свети Петар.
Возачот на БМВ-то не застанал на полицискиот пункт на Св. Уфициј пишува Corriere della sera.
Возачот ги урнал и мобилните огради, а во бркотницата и потерата низ римските улици карабинерите пукале за да го заплашат, но му пукаале и во гумите за да го запрат БМВ-то. Успеале во миг да го блокираат и да го совладаат погодувајќи го со електрошок.
Засега не е познато зошто побегнал во полиција, а не се знае ни дали бил под дејство на опијати. Тој бил однесен во полициска станица, а потоа во болница пред да продолжи истрагата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата