logo
logo
logo

Паника во авион: Сериозно повредени две стјуардеси, силната турбуленција направи хаос

Vecer | 23.09.2025

Паника во авион: Сериозно повредени две стјуардеси, силната турбуленција направи хаос

Инцидентот се случил во недела попладне, непосредно пред слетувањето, додека над популарното одморалиште биле регистрирани лоши временски услови.

Патниците видливо вознемирени

Локалните медиуми објавија дека авионот бил во последната фаза од подготовките за слетување кога се случил ненадеен и силен потрес од турбуленцијата.

Еден член на екипажот бил фрлен на таванот, додека друг бил удрен од сервисната количка. Според сведоците, во авионот имало 180 патници, а многумина биле видливо вознемирени по инцидентот.

По слетувањето, веднаш била испратена брза помош на пистата за да им се пружи помош на повредените. „Рајанер“ сè уште не дал официјален коментар за инцидентот, објавува „Дејли меил“.

Нема сериозни повреди

Повредените биле медицински третирани, додека патниците не пријавиле никакви сериозни повреди - освен шокот и вознемиреноста што ги претрпеле за време на слетувањето.

Инцидентот се случил само неколку месеци откако девет лица беа повредени на друг лет на „Рајанер“ - од Берлин до Милано, кога авионот наишол на бура над јужна Германија.

Во таа прилика, неколку патници беа фрлени од своите седишта, а авионот мораше да изврши итно слетување.

Еден од патниците за германскиот весник „Билд“ во тоа време изјави: „Никогаш не сум се плашел од летање, но во тој момент бев убеден дека авионот ќе се распадне“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk