logo
logo
logo

Палестински медиуми: Во Кан Јунис се ограбени над 100 камиони со хуманитарна помош

Vecer | 31.05.2025

Палестински медиуми: Во Кан Јунис се ограбени над 100 камиони со хуманитарна помош

Израелскиот сајт „Ynet“ објави дека група луѓе нападнале околу 110 камиони натоварени со брашно, чија дистрибуција требало да започне утре.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, на видеото до кое дојдоа медиумите, може да се слушне пукање, но нема непосредни извештаи за повредени.

Портпаролот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) вчера изјави дека „Газа е најгладното место во светот“, каде што „100 проценти од населението е изложено на ризик од глад“.

Израел минатата недела почна да дозволува ограничено количество хуманитарна помош во Газа, откако го блокираше влезот на храна, лекови, гориво или друга стока од 2 март.

Израел го обвини Хамас за кражба на помошта и вели дека се потребни „строги контроли“ за да се спречи помагањето на оваа милитантна група. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk