logo
logo
logo

Палестински медиуми: Најмалку 20 загинати во израелски напади во Газа

Vecer | 18.04.2025

Палестински медиуми: Најмалку 20 загинати во израелски напади во Газа

Новинската агенција ВАФА соопшти дека 11 лица, меѓу кои и двајца малолетници, загинале во напад со беспилотно летало во текот на ноќта врз куќа во населбата Тел Ал-Затар во северна Газа. 

Во вториот инцидент, пак, загинале 10 лица кога израелски борбен авион бомбардирал семеен дом во Бани Сухаила, град источно од Кан Јунис, на југот на појасот.

Засега нема потврда од Израел за овие палестински тврдења. Израелската војска соопшти дека ќе ги истражи извештаите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk