logo
logo
logo

Пакистанската армија: Единаесет војници и 12 терористи убиени во близина на авганистанската граница

Vecer | 17.02.2026

Пакистанската армија: Единаесет војници и 12 терористи убиени во близина на авганистанската граница

Војниците се убиени во напад во округот Баџаур во Хајбер Пахтунхва, каде што терористи од талибанското движење на Пакистан нападнаа безбедносен контролен пункт со возило полно со експлозив.

Во експлозијата се оштетени станбени згради во областа, при што загина едно девојче. Уште седум лица, меѓу кои жени и деца, се ранети, соопшти армијата.

Се наведува дека нападот бил осуетен од војниците и дека најмалку 12 терористи се убиени.

Најмалку пет лица, вклучувајќи тројца полицајци и двајца терористи, се убиени вчера во одделни инциденти во областа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk