logo
logo
logo

Пакистан почна акција за депортирање на еден милион авганистански бегалци

Vecer | 04.04.2025

Пакистан почна акција за депортирање на еден милион авганистански бегалци

Пакистанските власти денеска почнаа акција за насилно враќање на речиси еден милион авганистански бегалци, соопштија официјални лица, игнорирајќи ги повиците на глобалните групи за човекови права да ги поштедат оние кои би биле изложени на ризик од прогон од талибанскиот режим.

- Полицијата сега ги апси и ги префрла Авганистанците во кампови пред да ги испрати на границите, рече претставникот на Министерството за внатрешни работи Зулкифал Хусеин, бидејќи рокот за доброволно враќање во татковината истекува оваа недела.

Како што пренесе ДПА, најмногу апсења биле извршени во северозападната провинција Хајбер-Пахтунхва, но некои семејства биле префрлени во камповите од главниот град Исламабад и блискиот град Равалпинди, изјави портпаролот на полицијата Мохамед Наем.

Пакистан ја почна принудната репатријација на Авганистанците без документи во ноември 2023 година, а оттогаш речиси 900.000 луѓе се депортирани, според официјални податоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk