logo
logo
logo

Пакистан ја затвори границата со Иран

Vecer | 16.06.2025

Пакистан ја затвори границата со Иран

- Граничните премини во сите пет окрузи се затворени, изјави Кадир Бакш Пиркани, претставник на локалната власт во покраината Балучистан, која граничи со Иран.

За време на викендот Техеран соопшти дека Пакистан со нуклеарно оружје ќе го нападне Израел во случај на израелски нуклеарен напад врз Иран.

Иранскиот генерал Мохсен Резаи за државната телевизија изјави дека Пакистан се согласил да го поддржи Иран и нуклеарно ќе го нападна Израел ако тој употреби нуклеарно оружје врз Иран.

Пакистан ни кажа дека ако Израел употреби нуклеарна бомба врз Иран, тогаш Пакистан исто така ќе го нападне Израел со нуклеарна бомба, рече Резаи.

Но, Пакистан го негираше генерал Резаи. Пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Мухамед Асиф наведе дека Исламабад не презел таква обврска.

Нашите нуклеарни капацитети служат за благосостојбата на нашиот народ и одбраната на нашата земја од непријателските планови на нашите непријатели. Ние не водиме хегемонистичка политика против нашите соседи, како што деновиве во голема мера го прави Израел, посочи Асиф.

Пакистан и Иран делат 909 километри заедничка граница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk