logo
logo
logo

ПАДНА ВЛАДАТА во Романија

Vecer | 05.10.2021

ПАДНА ВЛАДАТА во Романија

Парламентот на Романија денеска изгласа недоверба на конзервативната влада на премиерот Флорин Читу. „За” недоверба на владата гласаа 281 од вкупно 446 пратеници.

За предлогот на најголемата опозициска Социјалдемократска партија гласаа и партиите Сојуз за спас на Романија и Алијанса за обединување на Романците.

По изгласувањето на недоверба, Читу може да продолжи да ја води владата најмногу 45 дена, но со ограничен капацитет за дејствување, на пример не би можел да потпишува итни укази.

Се уште не е познато дали ќе има предвремени избори, бидејќи редовните се закажани за 2024 година.

Кризата беше предизвикана од распадот на коалицијата помеѓу Националната либерална партија на Читу и Сојузот за спас на Романија. Сојузот излезе од коалицијата откако Читу, поддржан од претседателот Клаус Јоханис, разреши двајца министри од Сојузот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk