logo
logo
logo

Овие 10 професии се најплатени во Германија: Нудат „чисто злато“ за овие занимања, бројките се огромни!

Vecer | 25.06.2025

Овие 10 професии се најплатени во Германија: Нудат „чисто злато“ за овие занимања, бројките се огромни!

Според проценките на ММФ од април, Германија се наоѓа меѓу 20-те најбогати земји по глава на жител, со БДП по жител од 55.911 долари, односно 47.206 евра, пренесува Инвеститор.

Германија е и најпосакувана дестинација за мигранти во ЕУ, како од земјите членки, така и надвор од Унијата, според податоците на Евростат. Меѓу нив има многу високообразовани работници кои бараат добро платени работни места.

Кои се најплатените работи во Германија и какви се просечните годишни плати?

Можеби ќе ве интересира: Еве колкава е просечната плата во Македонија во 2025 година

Авијација, здравство и правосудство – на врвот на листата

Според податоците на Сојузниот завод за статистика (Destatis) од април 2024 година, секторот за авијација е најплатен во Германија – со медијална годишна бруто плата од дури 336.000 евра. Платите во оваа област обично почнуваат од 132.000 евра.

Здравството е на второ место – просечните годишни плати се движат меѓу 108.000 и 156.000 евра, додека правниот и судскиот сектор нуди плати од 84.000 до 144.000 евра.

Во академијата и истражувањето, платите се движат меѓу 72.000 и 120.000 евра, а во ИТ и инженерство меѓу 72.000 и 114.000 евра. И вработените во јавната администрација се релативно добро платени – од 60.000 до 114.000 евра годишно.

Од друга страна, секторите за малопродажба и услуги се на дното на листата – со просечни плати од 30.000 до 42.000 евра годишно.

Пилотите – најплатено занимање во Германија

Пилотите се на врвот на листата со медијална плата од 342.072 евра годишно. Инструкторите за летање со комплексни задачи заработуваат околу 281.592 евра. Високо се позиционирани и контролорите на воздушен сообраќај, пилотите на патнички авиони и техничарите во комплексни авионски операции.

Здравството доминира – 11 позиции меѓу најплатените

Менаџерите во хуманата медицина и стоматологија заработуваат 165.576 евра годишно. Лабораториски и радиолошки експерти во сложени улоги заработуваат меѓу 129.000 и 131.000 евра. Хирурзите и општите лекари со комплексни задачи имаат годишни плати над 100.000 евра.

Правници, судии и обвинители – рамо до рамо

Менаџерите во правните служби имаат медијална плата од 149.280 евра, додека судиите, обвинителите и адвокатите во сложени случаи заработуваат околу 95.000 евра годишно.

Менаџерски позиции – доминираат во сите сектори

Меѓу најплатените 50 занимања се и менаџери од академскиот сектор, ИТ, државната администрација, развој на софтвер, сметководство, организација на бизниси и медиуми – скоро сите со плати над 100.000 евра.

Изненадување – маѓионичари и илузионисти во топ 10

Неочекувано, маѓионичарите и илузионистите се на осмото место, со вчудовидувачка плата од 134.316 евра годишно.

Високи плати и во огласите за работа

Според платформата Indeed, најплатени се даночните советници во компании – со плата од 145.000 евра. Следуваат директори за продажба и извршни директори со плати меѓу 107.000 и 138.000 евра. Адвокатите специјализирани за работно право заработуваат околу 105.000 евра, додека SAP консултантите и ИТ-безбедносните експерти се во ранг од 90.000 до 100.000 евра.

Вештачка интелигенција и зелена енергија – иднина на високите плати

Експертите предвидуваат дека во наредните 5 до 10 години, занимањата поврзани со вештачка интелигенција, зелена енергија, сајбер-безбедност и биотехнологија ќе доминираат со високите плати. Нови професии како AI етичар, GenAI инженер и аналитичар за климатски податоци може брзо да се најдат на врвот на листата, пренесува Биз портал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk