logo
logo
logo

Ова се НОВИТЕ ПРОМЕНИ за добивање на ГЕРМАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Vecer | 24.08.2023

Ова се НОВИТЕ ПРОМЕНИ за добивање на ГЕРМАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Странец кој е подобро интегриран во Германија, во иднина полесно ќе добие германски пасош. Владата во средата го усвои предлог-законот со кој не само што се олеснуваат условите за натурализација, туку се дозволува поседување повеќекратни државјанства.

Но, условите поврзани со економската и демократската интеграција на поединецот во германското општество сè уште важат за стекнување државјанство.

Владата преку реформата сака, меѓу другото, да ја направи Германија поатрактивна за странска работна сила. Истовремено, законот треба да поттикне подобра интеграција на странците и нивен соживот со заедницата.

Во принцип, странците веќе ќе имаат право да бараат германски пасош по пет години престој. Секој што сака државјанство мора да покаже и посветеност на вредностите на либералното општество.

Новиот план за државјанство се сведува на овие промени:

- На имигрантите кои легално живеат во Германија ќе им биде дозволено да аплицираат за државјанство по пет години, наместо сегашните осум; и ако имаат посебни достигнувања, ова може да се намали на само три години

- Децата родени во Германија од најмалку еден родител кој легално живее во земјата пет или повеќе години автоматски ќе добијат германско државјанство;

- Доселениците на возраст над 67 години наместо писмен тест за германски јазик ќе можат да прават устен тест

- Ќе бидат дозволени повеќекратни државјанства

- Луѓето кои живеат целосно од државна поддршка нема да имаат право за германско државјанство. Германското државјанство ќе биде одбиено на луѓето кои извршиле антисемитски, расистички, ксенофобични или други клеветнички дела за кои се смета дека се „непомирливи со посветеноста на слободниот демократски основен поредок“.

Новиот закон ќе се расправа во парламентот и би можел да стапи на сила наесен.

Повеќекратни државјанства

Според Сојузното Министерство за внатрешни работи, околу 14% од населението нема германски пасош - тоа е нешто повеќе од 12 милиони луѓе. Пет милиони од нив веќе живеат во Германија најмалку 10 години. Во 2022 година, 168.545 лица поднеле барање за германско државјанство, што е под просекот на ЕУ.

Досега, двојното државјанство во Германија е можно само за државјани на ЕУ и Швајцарија, оние чија земја на потекло не дозволува луѓето да се откажат од државјанството (на пример, Иран, Авганистан, Мароко), деца на родители со германско и друго државјанство, бегалци на кои им се заканува со прогон во нивната матична земја и Израелци. Сиријците кои дојдоа во Германија како бегалци и се смета дека добро се интегрирале, исто така, можеа брзо да добијат германско државјанство.

Реформите ќе ја усогласат Германија со другите европски земји. Во ЕУ, Шведска имаше највисока стапка на натурализација во 2020 година, со 8,6 отсто од сите странци кои живеат таму. Во Германија, стапката беше 1,1%.

Според германската Федерална канцеларија за статистика, во Германија моментално живеат околу 2,9 милиони луѓе со повеќе од едно државјанство. Тоа е околу 3,5% од населението. Иако вистинскиот број веројатно ќе биде поголем, бидејќи забележа пораст, при што 69% од новите германски државјани се држат за нивниот оригинален пасош. Луѓето со полски, руски или турски пасоши се на врвот на листата.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фесер го опиша нацрт-законот како клучен за зачувување на конкурентноста на Германија.

„Ние сме во средина на глобална игра за најдобрите умови“, рече Фезерова за порталот „Редактивна мрежа на Германија“ (RND) во средата.

Ќе ги привлечеме најдобрите умови само доколку во блиска иднина целосно станат дел од нашето општество“, рече министерот.

За луѓето кои дојдоа во Германија до 1970-тите како гастарбајтери, ќе важат поедноставни правила.

Истото важи и за работниците со договор кои дојдоа во поранешна Источна Германија до 1990 година. И двете групи претходно имаа мали можности за интеграција, објасни таа.

Од нив повеќе нема да се бара да полагаат писмени јазични тестови, туку само да докажат дека знаат да разбираат германски во секојдневниот живот без поголеми проблеми.

Во Германија сега, според податоците на МВР, околу 14 отсто од населението немаат германски пасош, што е повеќе од 12 милиони луѓе. Меѓу нив има околу 5,3 милиони кои се во Германија најмалку 10 години.

„Воопшто не е добро за нашата демократија ако дел од населението, кој е овде дома и пуштил корен, не може да учествува во одлучувањето во политиката“, заклучи министерот.

По одлуката на владата, нацртот оди во Бундестагот, а по зеленото светло на пратениците може да стапи на сила.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk