Точно 18 месеци од почетокот на војната во Украина и еден ден по наводната смрт на лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој, според руските медиуми, загина во авионска несреќа во Тверската област во Русија, во Русија веќе се шират шпекулации. за неговиот наследник.
Според многу извори, тоа би можело да биде 61-годишниот Андреј Трошев, попознат како „Седој“ односно „Седиот“
Како што пишува весникот Комерсант, претходно, пет дена по неуспешниот бунт на групата Вагнер, Путин се сретнал со Пригожин и со голем број високи борци на Вагнер, а во контекст на неизвесноста за иднината на Вагнер групата, Путин предложил тие да бидат командувани од висок командант по име Андреј Трошев наместо Евгениј Пригожин.
Путин потоа им понудил на борците на Вагнер неколку опции за продолжување на нивната работа, вклучувајќи ја и можноста да продолжат да се борат под Трошев.
Според документите за санкциите на Европската унија, Андреј Трошев го носи прекарот „Седиот“ (Седој) и е пензиониран полковник кој ја извршува функцијата извршен директор на групата Вагнер. Тој е роден во април 1953 година во Ленинград, сегашен Санкт Петербург, родниот град на Путин, во поранешниот Советски Сојуз, каде што дипломирал на Артилериската академија.
Документите на Европската унија ја детализираат улогата на Трошев како „началник на Генералштабот“ во операциите на Вагнер групата во Сирија, каде што групата и даваше поддршка на сириската влада под Башар ал Асад.
- Андреј Трошев директно учествуваше во воените операции на Вагнер групата во Сирија. Тој особено се истакна во областа Деир ез-Зор. Неговиот клучен придонес за Башар ал Асад и сирискиот режим - се наведува во документите.
Трошев бил тесно поврзан со неколку истакнати личности во групата Вагнер, вклучувајќи го и основачот Димитриј Уткин (кој наводно загинал во авионот со Пригожин).
Ветеран од многу војни, Трошев беше во Авганистан за време на Советско-авганистанската војна и се истакнал во Северен Кавказ, особено во Чеченската војна, додека служел во руската војска.
Тој бил и командант на СОБР, специјалната единица за брз одговор на Министерството за внатрешни работи на Русија. За неговите заслуги, Трошев двапати е одликуван со Орден на Црвена звезда за заслуги во Авганистан. Во 2016 година ја добилнајвисоката руска награда „Херој на Русија“ за раководење на нападот на Палмира во Сирија против терористите на Исламската држава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата