logo
logo
logo

Отворена кривична истрага против сопствениците на барот во Швајцарија по смртоносниот пожар

Vecer | 03.01.2026

Отворена кривична истрага против сопствениците на барот во Швајцарија по смртоносниот пожар

- Тие се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност, соопшти полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа Кран-Монтана. „Треба да се напомене дека презумпцијата на невиност се применува сè додека не се донесе правосилна пресуда“, нагласи полицијата.

Првичните резултати од истрагата за пожарот на новогодишната ноќ укажуваат на тоа дека пената на таванот се запалила поради искри од „прскалки“ (party fountains) кои биле поставени на шишиња со пијалак. Пожарот се проширил за многу кратко време. Покрај загинатите, 119 лица се повредени, повеќето сериозно.

Експертите за заштита од пожари веќе покренаа прашања за тоа дали барот имал доволно излези за итни случаи и дали материјалот на таванот (најверојатно поставен за звучна изолација) бил во согласност со законот.

Сопствениците на барот, брачниот пар од Франција Жак и Џесика Морети, изјавија за медиумите дека се скршени од трагедијата и дека соработуваат со властите за расветлување на катастрофата.

- По завршувањето на првичните истраги, кои беа спроведени под надзор на јавното обвинителство на Вале, синоќа беше отворена кривична истрага против двајцата управители на барот, наведува полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk