Телото на папата Франциск е изложено во отворен ковчег во Ватикан.
Ритуалот со кој се потврдува смртта на папата Франциск и положувањето на неговото тело во ковчег се одржа синоќа во капелата Санта Марта, објави Ватикан, пренесува Дејли Меил.
Кардиналот Кевин Фарел го прочита официјалниот смртен лист за време на церемонијата што траеше нешто помалку од еден час.
Печати беа ставени на апартманите во Апостолската палата, како и на станот во капелата Света Марта, каде што престојуваше Папата.
Кардиналите денес се состануваат во Ватикан за да започнат со планирање на погребот и сложените ритуали што го означуваат крајот на службата на еден папа и почетокот на следниот.
Во наредните денови, кардиналите ќе го подготват неговиот погреб, ќе испланираат конклав за избор на наследник и ќе донесат други важни одлуки во врска со раководството на Католичката црква.
Папата Франциск почина вчера на 88-годишна возраст, по мозочен удар што доведе до кома и неповратна срцева слабост. Тој се опоравуваше во својот апартман откако помина пет недели во болница поради пневмонија.
Последен пат се појави јавно во неделата, кога од Папамобилот им даде велигденски благослов и последен поздрав на собраните на плоштадот „Свети Петар“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата