Полицијата уапсила маж (34) и девојка (28) откако го оставиле свооето едногодишното момче во автомобил еден час додека биле на шопинг, пишува Њјорк пост.
Го паркирале својот Мерцедес пред трговскиот центар, а детето во автомобилот го забележал случаен минувач кој повикал полиција.
Еден од полицајците мораше да скрши прозорец за да го спаси бебето.
Полицијата соопшти дека бебето плачело, било црвено во лицето и препотено. Пред да го однесат во болница, полицијата го одведе момчето во разладена продавница.
Жингај Џоу (34) и Лу Лу (28) се обвинети за занемарување и загрозување на дете.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Z-U94_O5m8k[/embed]
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата