logo
logo
logo

EU Корупција: Осуммина обвинети во рамките на истрагата за поткуп во Европскиот парламент

Vecer | 05.04.2025

EU Корупција: Осуммина обвинети во рамките на истрагата за поткуп во Европскиот парламент

Белгиските обвинители на 13 март соопштија дека уапсиле неколку лица под сомнение за поткуп во Европскиот парламент, наводно во корист на кинеската Хуавеј.

На 13 март, белгиските инспектори претресоа 21 просторија низ Белгија и Португалија, а судија оттогаш побара од нив да ги запечатат канцелариите на двајца парламентарни асистенти.

Белгиските обвинители соопштија дека наводната корупција се одвивала „многу дискретно“ од 2021 година под маската на комерцијално лобирање и вклучувала плаќања за преземање политички позиции или екстравагантни подароци како храна, патни трошоци или билети за фудбалски натпревари.

Обвинителите рекоа дека наводниот поткуп бил во корист на Хуавеј. Хуавеј најави дека сериозно ги сфаќа наводите и итно ќе комуницира со властите за целосно да ја разберат ситуацијата и нагласи дека има политика на нулта толеранција кон корупција или други прекршоци.

Обвинителството синоќа соопшти дека меѓу осумте обвинети, тројца се задржани под електронски надзор, двајца се ослободени, а тројца се уште се во притвор. Други информации не беа соопштени.

Европскиот парламент соопшти дека добил барање од белгиските власти за соработка во истрагата.

На крајот на 2022 година, Европската унија беше потресена од скандалот „Катаргејт“ откако белгиските власти обвинија четворица поврзани со Европскиот парламент поради сомневање дека Катар и Мароко поткупувале политичари, парламентарни помошници и невладини организации за да влијаат врз донесувањето одлуки во Европскиот парламент. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk