logo
logo
logo

Осумгодишно дете убило човек на базен во Швајцарија

Vecer | 20.08.2025

Осумгодишно дете убило човек на базен во Швајцарија

Според извештаите, осумгодишното дете предизвикало смрт на 66-годишен маж скокајќи од даска и удирајќи го човекот кој бил под вода.

Момчето се искачило на даската од 5 метри околу 14:30 часот. Кога влегло во водата, удрило 67-годишен пливач кој малку порано скокнал од истата даска и сè уште бил на местото на слетување.

И покрај брзата интервенција на службите за итни случаи, мажот, кој претрпел сериозни повреди, не преживеал, соопшти полицијата.

Детето нема да биде гонето

Обвинителството изјави дека семејството на детето ја контактирало полицијата.

Како што истакнале, спасувачите реагирале брзо и направиле сè што е во нивна моќ.

„Работата на спасувачите не е доведена во прашање на никаков начин во оваа фаза од истрагата. Интервенцијата била брза“, соопшти обвинителството.

Според градот каде што се случила несреќата, спасувачите биле целосно екипирани во моментот на несреќата. Лицето задолжено за надзор на даската за скокање веднаш ги известило своите колеги за „судирот“ преку радио и скокнало во базенот за да ѝ помогне на жртвата.

Случајот ќе биде упатен до системот за малолетничка правда. Сепак, швајцарските медиуми забележаа дека младиот пливач нема да потпадне под оваа регулатива, бидејќи таа се однесува само на деца над 10 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk