logo
logo
logo

ОСУДЕНА новинарката која го нарече ПУТИН УБИЕЦ

Vecer | 04.10.2023

ОСУДЕНА новинарката која го нарече ПУТИН УБИЕЦ

Руската новинарка Марина Овсјаникова, која се прослави со јавното противење на офанзивата во Украина на државната телевизија каде што беше вработена, во отсуство е осудена на осум и пол години затвор поради критикување на армијата, соопшти надлежниот суд.

Новинарката која побегна од Русија пред една година беше обвинета за „ширење лажни информации“ за руските вооружени сили, а веќе беше осудена на парична казна за слични прекршоци во август 2022 година.

Според руската агенција РИА Новости, таа овојпат е осудена затоа што самата демонстрирала со плакат против руската офанзива во Украина.

Овсијаникова стана глобално позната кога во март минатата година упадна за време на директниот пренос на информативната програма „Времја“ држејќи постер зад водителката со натпис: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Ве лажат“ на руски јазик. Таа извика и „Стоп за војната. Не за војната“.

Во моментот на протестот таа беше продуцент на државната телевизија каде што исто така протестираше.

Кон средината на јули минатата година таа одржа протест во близина на Кремљ, каде носеше транспарент „Путин е убиец. Неговите војници се фашисти“, по што ѝ е одреден домашен притвор. Таа набрзо побегнала од земјата со својата ќерка, изјави тогаш нејзиниот адвокат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk