Хакџунг Ли признала дека земала антидепресиви кога ги убила своите деца, на возраст од шест и осум години, во 2018 година, но поротата ја отфрлила нејзината одбрана дека била ментално болна,објави Би-Би-Си.
45-годишната мајка била екстрадирана во Нов Зеланд кон крајот на 2022 година, зашто избегала во нејзината родна земја Јужна Кореја кратко време по убиствата и го променила името.
Нејзините адвокати тврделе дека убиствата се случиле откако таа станала депресивна по смртта на нејзиниот сопруг.
Но, обвинителите рекле дека иако можеби страдала од депресија, тоа не било доволно за да се поддржи одбраната за лудило и тврделе дека Ли дејствувала „ладнокрвно и пресметливо“ за себично да создаде нов живот за себе без децата.
Телата на децата биле пронајдени четири години по убиствата кога Ли, државјанка на Нов Зеланд, се соочила со финансиски тешкотии и престанала да ги плаќа трошоците за користење складиште, каде што го чувала куферот.
Таа стоела со наведната глава додека била осудена. Ќе биде осудена на 26 ноември и се соочува со минимум 10 години затвор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата