Веста ја пренесува „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на репортажата на Канал 12.
Заложниците, како што рече, имале малку за јадење - пита дневно, некогаш лименка туна што ќе ја поделат четворица, а понекогаш парче сирење. Иако биле во заробеништво повеќе од седум недели, тој вели дека им било дозволено да се тушираат само еднаш.
„Бевме со Израелците, а тие цело време беа чувани. Се однесуваа многу грубо со Евреите кои беа со мене, понекогаш ги тепаа со електрични кабли“, вели Тајланѓанецот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата