logo
logo
logo

Орбан: Унгарија има добри шанси за договор со Вашингтон

Vecer | 09.03.2025

Орбан: Унгарија има добри шанси за договор со Вашингтон

Орбан, долгогодишен поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера изјави дека економскиот пакет ќе го продлабочи веќе постоечкиот политички сојуз меѓу Унгарија и САД.

Унгарскиот премиер истакна дека таков договор ќе ѝ помогне на Унгарија дури и ако избие трговска војна меѓу САД и Европската унија.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека неговата администрација наскоро ќе објави воведување тарифи од 25 отсто за производите од Европската унија, за кои Трамп рече дека се дизајнирани да ги „откорнат“ САД.

„Унгарија ќе претрпи загуби во трговската војна, исто како и сите земји-членки на Европската унија. Сè уште не знаеме колкави ќе бидат овие загуби, но сигурно е дека ќе има такви“, рече Орбан на годишната конференција на унгарската трговска и индустриска комора.

Тој додаде дека Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон и дека пакетот мора да може да ги ограничи или целосно да ги неутрализира ефектите од евентуалната трговска војна.

„Унгарските власти веќе преговараат за обновување на даночниот договор на двете земји, кој беше раскинат од претходната американска администрација.“, рече Орбан.

Другите делови од договорот ќе и помогнат на Унгарија „да ги надомести загубите предизвикани од американските царини наметнати на Европа и да обезбеди компензација, и во монетарна и во реална економска смисла“.

Директната трговска изложеност на Централна и Источна Европа кон САД е ограничена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk