logo
logo
logo

Орбан: Цврсто ќе стојам зад ставот на Унгарија за Украина

Vecer | 02.10.2025

Орбан: Цврсто ќе стојам зад ставот на Унгарија за Украина

-Копенхаген, втор ден. Ситуацијата е сериозна. На маса се отворени предлози за војна. Тие сакаат да ѝ ги предадат средствата од ЕУ на Украина. Тие се обидуваат да го забрзаат пристапувањето на Украина со сите можни правни трикови, напиша Орбан на „Х“.

„Тие сакаат да финансираат испораки на оружје. Сите овие предлози јасно покажуваат дека тимот од Брисел сака војна. Цврсто ќе стојам зад унгарскиот став, но овој самит исто така докажува дека наредните месеци ќе бидат обележани со закана од војна. Ќе ни треба поддршка од целата политичка заедница и од секој Унгарец кој копнее по мир“, пишува Орбан.

По вчерашниот неформален самит на лидерите на ЕУ фокусиран на заедничката одбрана и поддршката за Украина, денеска во Копенхаген ќе се одржи самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), каде што ќе се дискутира за безбедноста, трговијата со луѓе и миграцијата, со учество на околу 40 шефови на држави или влади.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk