logo
logo
logo

Орбан: Трамп го одржа ветувањето Унгарците да патуваат без виза во САД

Vecer | 19.09.2025

Орбан: Трамп го одржа ветувањето Унгарците да патуваат без виза во САД

Орбан истакна дека кога Доналд Трамп се кандидирал за втор претседателски мандат, двајцата се согласиле „да ги укинат санкциите на американската левица против Унгарија“.

- Ќе бидат потребни месеци одлуката да помине низ американската бирократска постапка, но претседателот Трамп го одржа својот збор и им даде можност на Унгарците да патуваат без виза во САД, посочи Орбан.

Тој додаде дека потребата од добивање виза е „многу незгодна“ за оние што студираат или работат во САД.

Според него администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден се обидела да ја казни Будимпешта затоа што Унгарија не се согласува со ставовите на Демократската партија за „миграцијата, полот и војната“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk